Утре без вода дел од жителите на Скопје – проверете кои улици се опфатени
Поради дефект на затворач со димензија Ф-80 милиметри на улицата „Партение Зографски“ бр. 89, утре, 17 ноември (вторник), ќе има прекин во водоснабдувањето во делови од три улици во Скопје.Без вода ќе бидат корисниците од делови на улиците „Партение Зографски“, „Периша Савелиќ“ и „Ацо Караманов“.Прекинот ќе започне во 8:30 часот и ќе трае до завршувањето на санацијата на дефектот.
Македонија | пред 3 дена