Промени тема
Контакт

Прекин на водоснабдувањето во повеќе скопски населби и институции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD
Photo by João Paulo Carnevalli de Oliveira on Unsplash

Повеќе скопски населби, институции и деловни објекти денеска ќе останат без вода поради технички зафати на водоводната мрежа што ги спроведува ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, интервенциите се изведуваат поради дефект на затворачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и Кеј „Димитар Влахов“.

Прекинот на водоснабдувањето е предвиден во периодот од 9 до 22 часот.

— реклама —

Без вода ќе бидат објектите на Македонската академија на науките и уметностите, Основниот суд 2, Младинскиот културен центар, Универзитетската библиотека, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Трговскиот центар „Мавровка“, дел од Старата скопска чаршија, Саат-кулата, Македонската телевизија, како и улиците „Петар Ѓорѓиев“, „Отокар Кершовани“ и „Адвокатска“.

— реклама —

Прекин на водоснабдувањето ќе има и на дел од булеварот „Крсте Мисирков“ и во населбата Крњево.

Во населбата Автокоманда, од ниската зона до Камник, се очекува намален притисок на водата или можни повремени прекини во водоснабдувањето.

— реклама —

Од надлежните служби апелираат граѓаните навреме да обезбедат потребни количини вода додека траат интервенциите на водоводната мрежа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bez-voda

Утре дел од Центар останува без вода – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
bez-voda

Без вода денес дел од корисниците кај Бит Пазар

Скопје | пред 6 дена

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Утре без вода во дел од Скопје – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 6 дена

bez-voda

Проверете дали сте на листата: Утре прекин на водоснабдувањето на две улици

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања