Поради дефект на приклучна цевка со профил 5/4 на улицата „Ацо Караманов“ бр. 17, утре, 17 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците од дел од оваа улица во Општина Центар.
Прекинот ќе започне во 08:00 часот и ќе трае до завршувањето на санацијата на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.