Од ЈП „Водовод и канализација“ е добиено известување дека утре, 23 септември 2026 година, поради дефект на приклучна цевка на улицата „Мексичка“ број 10, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од Општина Карпош.
Без вода ќе останат корисниците од улиците „Мексичка“, дел од „Варшавска“, дел од „Хелсиншки“, дел од „Ташкенска“, дел од „Хаванска“ и дел од „Париска“.
Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.