Промени тема
Контакт

Половина Скопје денес без вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Скопје
bez-voda

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денес поради два одделни зафати на водоводната мрежа, повеќе скопски улици и населби ќе останат без вода или со намален притисок во снабдувањето.

Од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект од ф-400 мм на ул. Бутелска б.б, кај сервис „Топал“, во периодот од 11:00 часот па сè до негово отстранување, без вода ќе бидат корисниците на улиците Хо Ши Мин, Марко Крале, Призренска, Петар Манџуков, Александар Бујнов, Краишка, Коле Канински, како и корисниците на Бутелска – од крак 1 до крак 35 и од крак 2 до крак 14, на подрачјето на општина Бутел.

— реклама —
— реклама —

Исто така, поради технички зафат на бул. Александар Македонски б.б, во периодот од 05:00 часот па до завршување на работите, без вода ќе останат корисниците на бул. Александар Македонски, улиците Палмиро Тољати и Маџари, жителите од населбата Методија Андонов – Ченто и село Сингелиќ, како и дел од корисниците на ул. 808 и бул. Киро Глигоров, на територија на општина Гази Баба.

— реклама —

Намален притисок во водоснабдувањето, како што информира ЈП Водовод и канализација, ќе имаат и корисниците од населбата Автокоманда – ниска зона, како и од населбите Триангла и Хиподром, како и корисниците на ул. Перо Наков во близина на Кванташкиот пазар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

bez-voda

Утре дел од Центар останува без вода – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 3 дена

— реклама —
bez-voda

Без вода денес дел од корисниците кај Бит Пазар

Скопје | пред 6 дена

media-library5pmmucgfbnpndtxuTsD

Утре без вода во дел од Скопје – проверете дали сте на списокот

Скопје | пред 6 дена

bez-voda

Проверете дали сте на листата: Утре прекин на водоснабдувањето на две улици

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања