Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟦𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 45 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Центар и Карпош.
Во општината Кисела Вода се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Димо Хаџи Димов, во близина на драгсторот „Томи“. Во општината Аеродром се расчистени неколку диви депонии долж булеварот АСНОМ, при што се транспортирани вкупно 20 кубни метри отпад.
Во општината Центар е интервенирано на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон средно Водно, каде што се отстранети санитарни елементи и мебел одложени на тревна површина. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и отпад од картонски пакувања лоцирана на улицата Козара во општината Карпош, велат од Комунална хигиена-Скопје.