„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Скопје
eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Од денеска во главниот град започнува да важи новото правило со кое се ограничува фрлањето отпад после 22 часот – мерка што Град Скопје ја воведува со намера да се стави ред во одлагањето на сметот и да се спречат нерегуларностите околу користењето на контејнерите.

Спроведувањето на забраната ќе го надгледуваат комуналните инспектори и редарските служби, кои од утре преминуваат на работа во три смени, покривајќи го теренот непрекинато, 24 часа дневно. На располагање се вкупно 20 комунални инспектори и исто толку редари, кои ќе патролираат низ сите делови на градот.

— реклама —

Како што посочуваат од надлежните служби, фокусот ќе биде ставен на проверка на тоа каде и како угостителските објекти и фирмите го оставаат својот отпад.

— реклама —

„Штом утре одлуката биде објавена во Службен весник, службениците ќе добијат ново распоредување во тросменска работа. Вклучени ќе бидат сите инспектори и редари, а казните ќе се изрекуваат непосредно на терен“, изјави новиот директор на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител.

— реклама —

Тој додаде дека доколку се затекне поголема количина несоодветно одложен отпад, ќе се спроведува детална контрола кај фирмите. Казните остануваат непроменети – 50 евра за граѓаните, а од 1.300 до 1.800 евра за правните субјекти.

Мерката има за цел да ги спречи угостителските и деловните субјекти да ги полнат контејнерите што се наменети за домаќинствата и да придонесе кон поорганизирано и навремено собирање на сметот низ градот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2

(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Свет | пред 4 месеци

media-libraryjoc5i9tijl1pcteMLkF

Добра одлука на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот: Софија Куновска посочи пример од Швајцарија

Скопје | пред 4 месеци

media-librarypvinp9t45oisaMkkXGW

Глоба од 50 евра за фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро во Скопје

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryompq4tn9s3m58aYsUQ1

(Видео) Скопскиот татко по 72 часа мандат: Собрано петпати повеќе ѓубре од тоа што вообичаено се собира за викенд

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања