(Видео) Морето исфрли тони пластика од Албанија во Дубровник: Познатата плажа Бање претворена во депонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library8qjfm7qbgp3c1qa2Wf2
YouTube/Print Screen

Плажата Бање, една од најпознатите туристички локации во Дубровник и дел од старото градско пристаниште, повторно се најде под дебел слој пластичен отпад што морето го исфрли на брегот. На снимките од терен се гледа огромно количество шишиња, амбалажа и разни пластични предмети расфрлани по песокот, а дел од етикетите откриваат дека поголемиот дел од отпадот потекнува од Албанија.

— реклама —

Локалниот портал „Дубровачки дневник“ пренесува дека силното јужно време, кое често го зафаќа јадранскиот брег, секогаш носи отпад во овој дел на градот. Граѓаните коментираат дека вакви сцени се повторуваат со години и дека проблемот одамна го надминува локалното ниво.

— реклама —
SW2RcrTm3sM
— реклама —

Според хрватските медиуми, ситуацијата е отворено прашање меѓу земјите од регионот, а за решавање на проблемот веќе биле водени разговори и биле утврдени чекори како да се запре пристигнувањето на отпадот со морските струи.

Меѓутоа, како што може да се види и од последната слика од Дубровник, пластиката повторно го преплави брегот — оставајќи го еден од најживописните делови на градот под дебел слој ѓубре.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9ogo4s2mvdupdAeuqTC

Три приморски дестинации за краток одмор без гужви во февруари

Магазин | пред 1 седмица

dubrovnik

Земјотрес го погоди Дубровник: „Страшен звук и гласно тресење“

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања