Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

(Видео) СДСМ поднесе Закон: 100 денари линерана субвенција за сите тутунари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Talevski-19.11.2024

„Оваа година тутунопроизводителите повторно се разочарани од неспособноста и неисполнетите ветувања на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Откупните цени на тутунот паѓаат, а тутунарите оваа година ќе имаат помалку пари во семејниот буџет“, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

„Пред изборите, ДПМНЕ ветуваше повисоки откупни цени, зголемени субвенции и поддршка за тутунопроизводителите, но реалноста е сосема поинаква. Оваа година откупните цени, објавени од ресорниот министер Љупчо Трипуновски, се: прва класа – 375 денари, втора класа – 300 денари, трета класа – 240 денари, и дополнителна класа – 115 денари.

Овие цени се ниски и не ги покриваат зголемените производствени трошоци на тутунарите и поскапените цени за производството кое тие го плаќаат.

— реклама —

Во време на владата на СДСМ, тутунарите добиваа многу повеќе. Благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, без одбитоци, цените достигнуваа и над 500 денари за килограм тутун – историски највисоки откупни цени.

Истиот Љупчо Трипуновски, кој пред изборите во февруари бараше сите тутунари да добијат линеарна субвенција од 100 денари, денес ги изневери земјоделците. Наместо линеарен модел, воведена е дискриминаторска проценка по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа.

Повеќе од 20.000 семејства живеат од производство на тутун. Нивниот труд мора да се цени а Владата да помага за одржување на оваа гранка и да поддржи огромен број семејства кои живеат од тутунот.

СДСМ ја разбира важноста на тутунот и ги цени тутунопроизводителите. Затоа, како опозиција, поднесуваме Предлог-закон за финансиска поддршка на тутунопроизводителите. Овој предлог предвидува сите тутунари да добијат линеарна субвенција од 100 денари за секој килограм предаден тутун кај регистриран откупувач, без разлика на класификацијата. Со оваа мерка, цените повторно ќе се покачат над 500 денари по килограм, што е потребно за покривање на производствените трошоци и поддршка на семејствата кои егзистираат од тутунопроизводството.

Во изминатите седум години, СДСМ го докажа своето партнерство со земјоделците преку линеарни субвенции за тутунот, 6.000 денари субвенција по хектар обработена површина, и 100% покривање на трошоците за зелена нафта. Владата на СДСМ секоја година обезбедуваше повисоки цени на тутунот. Од 2014 до 2023 година, откупната цена се зголеми за 212%.

Повикуваме сите пратеници во Собранието да го поддржат овој Предлог-закон, кој е чекор кон вистинска грижа за земјоделците и нивниот труд. Тутунопроизводителите заслужуваат стабилност и поддршка, а не пад на цените и неизвесност.

СДСМ останува на страната на земјоделците и ќе продолжи да се бори за нивните права и подобра иднина“, соопшти Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2lc3ckkg97pr4xs0pn7

Филипче: Пендаровски е изваден од контекст, СДСМ не е мртва партија

Македонија | пред 6 часа

media-library345jp31ofpbidHYuLh7

СДСМ се вклучија во изборите во Бугарија, гледаат да им се допаднат таму наместо на македонските граѓани, вели Мицкоски

Македонија | пред 8 часа

talir

СДСМ: ВМРО-ОКГ ја призна вината за „Талир 1“ и „Талир 2“

Македонија | пред 9 часа

media-library7frj8p285a8l5dNXypw

Огњеновиќ: До парите на студентите им дојде криминалната ВМРО-ОКГ?

Македонија | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања