Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

СДСМ се вклучија во изборите во Бугарија, гледаат да им се допаднат таму наместо на македонските граѓани, вели Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-library345jp31ofpbidHYuLh7

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата од СДСМ дека ја кочи европската интеграција на државата, оценувајќи дека станува збор за политичка реторика и обид за додворување кон странски фактори.

Според него, ваквите тврдења се дел од, како што рече, „меките политики“ на опозицијата кои, наместо да ги штитат националните интереси, се насочени кон надворешни политички центри.

— реклама —

„Па не знам како сме го блокирале европскиот пат, но таа реторика на СДСМ ја знаеме. Тоа е мекото ткиво на македонскиот идентитет. Тоа се тие мекотелни политики“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека не сака да се вклучува во предизборни процеси во соседството, но обвини дека СДСМ активно учествува и преку своите ставови се обидува да се позиционира пред бугарската јавност.

— реклама —

„Гледам дека СДСМ е жестоко вклучена и делува како општинска организација на некоја од партиите кои се борат на изборите кај нашиот источен сосед“, рече премиерот.

— реклама —

Мицкоски оцени дека таквиот пристап, според него, не придонесува за напредок во евроинтеграциите.

„Наместо да гледаат да им се допаднат на македонските граѓани, тие повеќе гледаат да се допаднат на бугарските политичари. Ете тоа е како отприлика европскиот пат на СДСМ“, додаде тој.

— реклама —

Премиерот изрази уверување дека ваквата политика ќе има последици за опозицијата на следните избори.

„Но добрата вест е што после следните избори оваа политичка партија мислам дека ќе биде сведена на ниво под маргините и ќе биде маргинална политичка партија“, изјави Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjuvo7946t52m26Y687J

(Видео) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари - зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

Македонија | пред 2 дена

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Македонија | пред 3 дена

media-libraryn3d4hek0c1pu1TtueqE

Додека Црна Гора проверува, кај нас сè е докажано - Балканскиот картел се распаѓа - Мицкоски остана сам, велат од СДСМ

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања