Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ преку соопштение ја обвини власта дека се обидува да го пренасочи вниманието од случајот со Алта банка и дека наводната расправија меѓу Мицкоски и ВРЕДИ по изборниот пораз во Брвеница е само изговор за отворање пат кон предвремени парламентарни избори.

— реклама —

Од партијата тврдат дека Мицкоски бара начин да избегне одговорност за, како што наведуваат, криминал, корупција, трансфер на дрога преку границата и поврзаност со криминална организација заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Во соопштението СДСМ ја нарекува Алта банка „пералница за пари“ на, како што ја именува, мафијашката структура СНС-ВМРО, обвинувајќи ја власта и за лошо управување со јавните финансии. Според партијата, недостигот на средства во буџетот е показател за финансискиот хаос, а тврдат и дека средствата веќе не стигнуваат ниту за пензиите.

СДСМ оценува дека Мицкоски може да се обиде да распише предвремени избори и кампањата да ја насочи кон националистички и популистички теми, со цел да го подели општеството и да поттикне меѓуетнички тензии.

— реклама —

Во соопштението се споменуваат и Латас, поранешни структури на БИА, како и Левица и ЗНАМ, за кои СДСМ тврди дека би можеле да добијат улога во политички сценарија на власта.

— реклама —

„Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи“, наведуваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryo8gsngqa5ffq3huQUuP

СДСМ: „Очи в очи“ - во Србија Вучиќ падна, но сè уште владее со Македонија

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
media-library2cmec3vv0c32cZIPDqd

Серафимовска: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 1 ден

Glavna-fotka-1

СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

Македонија | пред 1 ден

pari-1

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања