Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Серафимовска: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 52 минути -

Македонија
media-library2cmec3vv0c32cZIPDqd

Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб, вели Маја Серафимовска -Борозан од СДСМ.

„Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ.

— реклама —

Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб.

Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб.

— реклама —

Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор.

— реклама —

Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии.

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори.

— реклама —

Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб?

Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

Glavna-fotka-1

СДСМ: Крепен живот, кошничката достигна 71.000 денари а следува и поскапа струја

Македонија | пред 1 час

— реклама —
pari-1

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Македонија | пред 3 часа

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

Филипче: Нема пари за минимална плата од 600 евра и повисок студентски оброк, има за партиски тендери

Македонија | пред 20 часа

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања