Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 19 минути -

Македонија
pari-1

Скандал е на повидок.  Власта на Мицкоски на ЕНЕР објавила предлог законски измени на Законот  за пензиско и инвалидско осигурување со којшто се брише одредбата (член 120) за уплата на пари во вториот пензиски столб, во вистина од 6%, велат од опозициската СДСМ.

„Доколку не се интервенира законски во овој или во друг закон, овие измени со бришење на членот за 6% од придонесите да не се префрлат во втор столб, значи дека сите придонеси остануваат во првиот столб во Фондот.

— реклама —

Дали ова значи дефинтивно рушење на вториот пензиски столб?

Криминалната власт ги доведива во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани, на сите родени после 1 јануари 1967 година кои се во вториот пензиски столб.

— реклама —

Фондот за ПИОМ е доведен до сериозна финансиска неодржливост.

— реклама —

Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра, а во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се овие пари, власта не даде одговор.

Пари што им припаѓаат на граѓаните, на работниците, заработени со нивниот труд, издвојувани секој месец од нивните плати.

— реклама —

Во исто време, со предлог-законот објавен на ЕНЕР се предлага бришење на членот 120, со кој е утврдена уплатата на 6% во вториот пензиски столб.

Христијан Мицкоски треба да излезе и да одговори пред граѓаните зошто се брише оваа одредба, каде ќе се насочуваат средствата и што ќе значи промената за идните пензии на осигурениците“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryd284jdr2diucdSIroCj

Филипче: Нема пари за минимална плата од 600 евра и повисок студентски оброк, има за партиски тендери

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари - само за храна се потребни 26.000 денари

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

„Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб“, велат од СДСМ

Македонија | пред 3 дена

media-library0cfj5c49eoj6eEiT0xx

Талески: ВМРО го партизира и Советот за граѓански надзор – партиски вдомувања за паушали од 90.000 денари

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања