Шекеринска стана втор човек во НАТО
Поранешната македонска министерка за одбрана и вицепремиерка, Радмила Шекеринска, денеска во Брисел беше избрана за Заменик генерален секретар на НАТО. Ќе му биде заменичка на Марк Руте, кој од пред неколку месеци е на чело на Алијансата.
Информацијата ја потврди и НАТО со објава од Генералниот секретар Руте на официјалниот сајт на Алијансата:
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога“.
Шекеринска претходно беше вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година. Таа ќе ја преземе својата функција до крајот на годината.