Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

УЈП: Поднесете ги ДДВ – 𝟢𝟦 пријавите навреме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ujp

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти ноември 2024 година (понеделник).

— реклама —

Досега, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, велат од УЈП.

— реклама —

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

— реклама —

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на следниве канали:

Е-пошта: info@ujp.gov.mk

Телефонски броеви:

📞 Од фиксна линија: 0800 33 000

📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200

Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови во секое време можат да обезбедат точни и јасни информации за даночните обврзници со цел успешно исполнување на даночните обврски, додаваат од УЈП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања