Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

UJP

ujp

УЈП: Поднесете ги ДДВ – 𝟢𝟦 пријавите навреме

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти ноември 2024 година (понеделник).Досега, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска, велат од УЈП.Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на следниве канали:Е-пошта: info@ujp.gov.mkТелефонски броеви:📞 Од фиксна линија: 0800 33 000📞 Од мобилен телефон: 02 3253 200Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови во секое време можат да обезбедат точни и јасни информации за даночните обврзници со цел успешно исполнување на даночните обврски, додаваат од УЈП.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања