Свет

По САД, и Шпанија ја затвори амбасадата во Киев

Шпанската амбасада во Киев објави дека „нема да дава услуги во текот на денот поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина“, пренесува Анадолија.

По Соединетите Американски Држави (САД), и Шпанија на еден ден ја затвори амбасадата во Киев.

Во е-пошта испратена до шпанските граѓани во Украина, шпанската амбасада во Киев соопшти дека „поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина, тие нема да даваат услуги во текот на денот и барањата може да се поднесуваат преку е-пошта“.

Амбасадата, исто така, ги советуваше шпанските граѓани во Киев да „преземат екстремни безбедносни мерки, да ги следат сите препораки на локалните власти и да имаат засолниште на располагање во секое време“.

На почеток