Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари - граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

„Синдикалната кошничка за месец ноември 2024 година достигна шокантни 62.021 денари, со зголемување од 772 денари во однос на претходниот месец. Овој раст е само уште еден показател дека погрешните, инаетливи политики на владата предводена од Мицкоски ги притискаат граѓаните до работ на економска издржливост“, соопшти СДСМ.

— реклама —

„Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а мерки од Владата нема. Граѓаните сè потешко ги покриваат основните трошоци. Семејствата се принудени да се откажуваат од потребите кои до вчера беа основни. Ова не е живот достоен за човек. Ова е резултат на неспособноста на владата и игнорирањето на проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.

— реклама —

СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и за неодговорноста на власта која продолжува да ги става партиските интереси над потребите на граѓаните. Владата на Мицкоски не само што не презема конкретни мерки за намалување на ценовниот шок, туку со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата.

СДСМ веќе предложи две конкретни и ефикасни мерки кои можат веднаш да донесат вистинска помош за граѓаните:

— реклама —

Укинување на ДДВ на основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле 2.000 денари месечно.

Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди минимално достоинство за работниците.

Но, што прави Мицкоски и неговата влада? Со политички инает и недостиг на емпатија кон сопствениот народ, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат. Наместо вистинска поддршка за граѓаните, гледаме само празни ветувања и одложувања, додека реалниот живот станува сè потежок.

СДСМ останува посветен на борбата за заштита на стандардот на граѓаните. Ние нема да дозволиме народот да биде жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ. Народот заслужува влада која е на нивна страна, која ќе го слушне нивниот крик за помош и ќе преземе одговорност. Време е за акција, време е за мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе ја вратат надежта во економската стабилност!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 4 часа

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: „Скандалот со Дака открива бизнис мрежа на власта во енергетиката“

Македонија | пред 7 часа

market-pari

„Празни џебови и фрижидери“ – СДСМ со критики за економските мерки

Македонија | пред 8 часа

media-library2lc3ckkg97pr4xs0pn7

Филипче: Пендаровски е изваден од контекст, СДСМ не е мртва партија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања