Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„Празни џебови и фрижидери“ – СДСМ со критики за економските мерки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
market-pari

Опозициската СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски задоцнила со економските мерки, поради што, како што велат, граѓаните веќе ја платиле цената преку раст на цените и пад на животниот стандард.

— реклама —

Од партијата наведуваат дека во изминатиот период значително поскапеле основните прехранбени производи, како и горивата, што дополнително ги зголемило трошоците за живот.

— реклама —

„Цел месец помина, цените поскапеа, животниот стандард драматично опадна. Празни џебови и празни фрижидери, тоа е реалноста денеска“, соопштуваат од СДСМ.

Партијата оценува дека дел од мерките кои сега се разгледуваат се всушност предлози кои претходно ги понудиле тие, но, според нив, биле прифатени со задоцнување.

— реклама —

Воедно, СДСМ предлага сет економски мерки, меѓу кои укинување на ДДВ за основни прехранбени производи, намалување на ДДВ за горивата на 5 проценти, намалување на акцизите, поевтинување на патарините и зголемување на државните резерви на нафта.

— реклама —

Од партијата сметаат дека ваквите чекори треба итно да се преземат за да се ублажи ценовниот притисок врз граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања