Свет

За уривањето на настрешницата во Нови Сад уапсени се 11 лица, меѓу нив и поранешен министер

Поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, уапсени се 11 лица, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Да потсетиме, настрешницата на станицата се урна на 1 ноември. Загинаа 15 лица, а две лица се уште се борат за живот.

По трагедијата во Србија беше следеа протести на граѓаните кои бараа одговорност за катастрофата што се случи.

Нова.рс дознава дека меѓу уапсените се Небојша Шурлан, поранешен директор на компанијата „Инфраструктура железнице“ и Јелена Танасковиќ, која до пред неколку дена беше директор на истата фирма.

Меѓу уапсените е и поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, пишува Мондо.

За делото е предвидена затворска казна од две до 12 години, информираат од обвинителството во Србија.

На почеток