Назначен нов директор на ГТЦ, откриени имињата и на 6-те нови членови на Управниот одбор
Од
Објавено на
Угостителско-туристичкиот менаџер Никола Соколовски е назначен за нов извршен директор на АД Градски трговски центар. Тој доаѓа на местото на Ѓоко Трајчевски, кадар кој имаше поддршка од претходната власт.
Истовремено променет е комплетно целиот Управен одбор на ГТЦ, а сега има седум наместо претходните шест членови. Покрај Соколовски, ќе членуваат уште и Ферик Белули, Јован Лукаров, Катица Грче, Виолета Блажевска, Васе Ангеловски и Александар Тасев.
Овие предлози беа изгласани минатата недела од страна на акционерското друштво во државна сопственост.