Талески ја повика Сања Божиновска „да си поднесе оставка по бројните скандали“
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот Миле Талески од СДСМ ја повика министерката Сања Божиновска да си поднесе оставка по бројните скандали.
„Освен оваа фирма која должи 1 милион евра, вие во минатото сте основале или сте биле дел, сте работеле и сте изршувале различни позиции во повеќе фирми.
Во 2014 година компании кои во различни периоди сте биле дел од нивниот работен век државните институции им поднесувале пријави со сомнежи за малверзации и незаконско работење, но изостанал правен епилог.
Тоа е скандалот со пријавите се за цитирам „картелско здружување“ поради тргување со електрична енергија и даночно затајување“, рече Талески.
„Во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, Комисијата за заштита на конкуренцијата повела постапка за забранет договор – картел при јавни набавки и донела решение за казни.
Казнети за картелско здружување кбиле фирмите „ЕФТ“, „ЕЗПАДА“, „РУДНАП“,„ГЕН-И Скопје“ за вас многу добро познати.
Со намера да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата.
За дел од овие фирми и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра.
ВМРОВСКА шема како во мафијашки филм.
А правна разрешница досега нема.
Секако тука е и скандалот со долгот од 1 милион евра.
Во анкетниот лист, покрај недвижностите во станови вредни над еден милион евра, министеркe за енергетика, рударство и минерални суровини, имате пријавено и сопственост на компанијата „Sustainable services“ со седиште во Чешка.
А оваа компанија нема никаква допирна точка со енергетиката.
Според јавно достапните информации, регистрирана е за изнајмување, купување, продажба и управување на недвижен имот, трговија на големо и мало, советодавни и консултантски активности, подготовка на експертски студии и проценки.
Но од друга страна адресата на компанијата „Sustainable services s.r.o“ е во Чешка, на улицата Вархулкова 1582/24 е контакт на седиштето на брендот за биоразградливи хулахопки „Божици“.
Зошто го споменувам ова.
За јавноста да види за какви скандали станува збор за фирмите кои се поврзани со енергетиката но и да види дека имало и фирми кои немале никаква допирна точка со енергетскиот сектор. Значи чист бизнис и ништо друго.
Ако на овие бројни скандли кои се поврзани со вас, со фирми кои се поврзуваат со вас, се додаде фактот што вие вуквално ја излажавте јавноста за вашето државјанство, се доведува во прашање целиот кредибилитет на функцијата.
Тоа се гледа и во резултатите од енергетиката во првите месеци од вашето работење.
Се најавува нов удар по граѓаните и можно поскапување на струјата или нов грабеж.
Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, вие како власт упорно увезувате скапа струја.
Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра.
Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за електрична енергија.
Ова е класичен грабеж.
РЕК Битола, најголемиот домашен енергетски капацитет, долг период не работеше, а сега функционира само делумно, бидејќи ремонтот кој требаше да биде завршен одамна сè уште трае.
Дополнително, хидропотенцијалите, кои би требало да обезбедат значителна количина енергија, работат само со 13% од својата акумулирана енергија, што е далеку под просечниот капацитет.
Ова е директен резултат на неспособноста на да се управува со нашите најголеми енергетски капацитети. Или можеби е намерно за некој да ги полни џебовите.
Бизнис од милиони евра е во прашање.
Институтот за демократија, организација со долгогодишно искуство во следење случаи на корупција и изготвување политики за справување со оваа појава токму вашето Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини го посочува како ризик и можен извор на корупција.
И јас, и ние од СДСМ целосно се согласуваме со констатацијата на Институтот и отворено се сомневаме дека преку различни шеми се планираат малверзации.
Моето конкретно прашање до вас е дали ќе си поднесете оставка после сите овие скандали, сомнежи за малверзации, лажење на јавноста и катастрофално лоши резултати во секторот енергетика?“, изјави Талески.