Македонија

(Видео) Инцидент во Собрание: Пцости, навреди, за влакно избегната тепачка меѓу ВМРО- ДПМНЕ и Левица

Малку фалеше во Собранието да дојде до физичка пресметка меѓу пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ. Апасиев прво влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.

Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство. Тие разменија и пцости и навредливи зборови.

Тензијата се прошири кога пратеникот од Левица, Борислав Крмов и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски за малку не си разменија тупаници.

Собранискиот спикер Африм Гаши за да ја смири ситуацијата даде пауза.

На почеток