СДСМ и ВМРО ДПМНЕ заедно зад предлогот на градоначалникот Константин.
Советот на општина Охрид на денешната седница со 20 гласа за го прифати предлогот на в.д. градоначалникот Константин Георгиески со кој се усвои одлука со која општината повеќе нема да смее да финансира и субвенционира настани и манифестации кои се одржуваат во периодот од 15 јули до 15 август кога е шпицот на туристичката сезона.
Како што и претходно најавија од ВМРО ДПМНЕ и тие гласаа по оваа точка и дадоа поддршка, со што дефинитивно се става крај на делењето милиони денари на приватни компании за организирање концерти и фестивали во Охрид.
Минатата година за оваа намена Охрид подели околу 7 милиони денари, од кои само на „Авалон продукција“ и биле дадени околу 2 милиони денари, а истата таа фирма сега должи за користење на стадионот 820.000 денари плус камата и е дадена на извршител.