Македонија

Невреме во Штип: Се расчистува низ градот, паднала и бандера

ТППЕ Штип досега повеќепати интервенирала во отстранување на паднати дрвја како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина (Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. 4-ти километар, нас. Насеље, градски пазар). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило.

ТППЕ Виница со 2 пожрникари и 1 ПП возило интервенирале во отстранување на падната бандера кај бањата во с.Истибање .

Од наша страна неколкупати е известена и дежурната служба на EVN за ризични електрични столбови (навалени, исфрлање искри од жици и сл., како последица од силниот ветер) на територијата на градовите Штип и Кочани, како и во селата Облешево и Истибања .

На почеток