(Видео) Несоодветното работење на приватна фирма предизвика дефект на главна водоводна линија во Штип, дел од населението без вода
Дел од корисниците во Штип денеска се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради дефект на главната водоводна линија 2, настанат како последица на несоодветно работење на приватна фирма.Од ЈП „Исар“ информираат дека без вода се дел од корисниците на улицата „Слободан Јовановски“, булеварот „Гоце Делчев“, како и жителите на населбите Пребег, Железничка и Три Чешми.Екипите на ЈП „Исар“ веднаш излегле на терен и работат на отстранување на дефектот, со цел водоснабдувањето да биде нормализирано
Македонија | пред 6 дена