Промени тема
Контакт

Изгаснат пожарот во Штип

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarybni7t3devpla0SVjcwo

Пожарот што вчера попладне избувна над Штип е целосно изгаснат благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и доброволците, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Во гаснењето на огнената стихија учествувале екипи на Територијалната противпожарна единица Штип со 20 пожарникари и четири противпожарни возила, Доброволното противпожарно друштво Штип со 10 лица и четири возила, како и пожарникари од Кочани со две возила и шестмина припадници, додека поддршка пристигнала и од Свети Николе.

Пожарот избувнал откако гром запалил сува трева и грмушки, а поради силниот ветер пламените јазици брзо се прошириле кон ридовите Клисебаир и Кумлак. Во еден момент огнот се доближил и до првите куќи во населбата Кадидаре, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите.

— реклама —

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на вонредна прес-конференција изјави дека пожарот се ширел на непристапен терен, поради што интервенцијата била дополнително отежната.

„Екипите на ТППЕ, заедно со членовите на Доброволното противпожарно друштво, веднаш излегоа на терен со целокупната логистика и ресурси за локализација на пожарот, кој поради непристапноста се ширеше“, истакна Јорданов.

Тој нагласи дека немало простор за паника, бидејќи сите надлежни институции биле целосно мобилизирани. Во пожарот нема повредени лица, а станбените објекти не биле загрозени.

— реклама —

Благодарение на координираната акција и навремената реакција, огнената стихија е ставена под контрола и целосно изгасната.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Екстремно матна водата од „Злетовица“: Прекината преработката во Штип

Македонија | пред 2 дена

stomak

„Во Штип скоро секоја втора куќа е со стомачен вирус“, професорката Јованов бара итна информација за исправноста на водата

Македонија | пред 2 седмици

bolnica-stip

Санацијата на покривот на штипската болница, кој го однесе невремето, ќе чини неколку милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-library7g5p0o2bmv6q7Mzitpr

Багер во раните утрински часови урнал дел од куќа во Штип, сопственикот тврди дека сѐ е легално

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања