Промени тема
Контакт

(Видео) Нов пожар во Штип: Огнот избувна меѓу Штипска млекара и текстилна конфекција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarynqopfuiv1go0f6pWgD1

Попладнево избувна трет пожар на територијата на Општина Штип, овојпат помеѓу објектите на Штипска млекара и текстилната конфекција „Албатрос“, каде што гори сува трева.

— реклама —

На терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, доброволци од Доброволното противпожарно друштво Штип, полициски службеници и жители од населбата Каленица. Од безбедносни причини, пред околу половина час беа евакуирани и работничките од текстилната конфекција „Албатрос“.

— реклама —

Во меѓувреме, локализиран е пожарот на тврдината Исар, кој попладнево зафати поголема површина и се закануваше да се прошири кон куќите во истоимената населба. Во неговото гаснење учествуваа пожарникари, доброволци и локално население. Според очевидци, пожарот најверојатно настанал по искрење од жица на електричен столб.

— реклама —

Во штипското село Чардаклија, пак, пожар зафати фотоволтаична централа, која целосно изгоре. Покрај стариот регионален пат сè уште има тлеење на теренот.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави дека материјалната штета од пожарот кај фотоволтаичната централа е голема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9rpmrl91imr7efVMdjb

(Видео) Несоодветното работење на приватна фирма предизвика дефект на главна водоводна линија во Штип, дел од населението без вода

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryl67klaqg5f99ag1MWw0

Екстремно матна водата од „Злетовица“: Прекината преработката во Штип

Македонија | пред 1 месец

stomak

„Во Штип скоро секоја втора куќа е со стомачен вирус“, професорката Јованов бара итна информација за исправноста на водата

Македонија | пред 2 месеци

bolnica-stip

Санацијата на покривот на штипската болница, кој го однесе невремето, ќе чини неколку милиони денари

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања