Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пожарот кај Кадидере повторно се разгори, зафатени и неколку викендички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-librarybni7t3devpla0SVjcwo

Повторно се разгори пожарот на отворено во близина на локацијата Кадидере кај Штип, каде што ноќеска беше изгаснат претходниот пожар. Според информациите добиени преку бројот за итни повици 112, состојбата на теренот брзо се влошила поради силниот ветер.

— реклама —

Територијалната противпожарна единица од Штип првично интервенирала со тројца пожарникари и едно противпожарно возило, но поради ширењето на огнот, околу 15:20 часот биле ангажирани вкупно 20 пожарникари и четири противпожарни возила.

— реклама —

Во гаснењето се вклучило и Доброволното противпожарно друштво Штип со четири возила и 12 членови.

Пожарот зафатил сува трева и грмушки, а поради тешко пристапниот терен и силниот ветер брзо се проширил. Во огнената стихија биле зафатени и неколку викендички.

— реклама —

Поради влошувањето на состојбата, покрај екипите од Штип, повикани се и противпожарни единици од околните општини. Активиран е и авион на Дирекцијата за заштита и спасување, а преку единиците на локалната самоуправа е побарана дополнителна помош од соседните општини.

Пожарот и натаму добива на интензитет, а сите расположливи локални сили се ангажирани во обид огнената стихија да биде ставена под контрола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 2 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 2 седмици

media-library372j1967aalr4Ld4tDV

Три активни пожари во Македонија, еден е под контрола

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања