Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Вонредна мобилизација во Штип: Пожарот се рашири поради силен ветер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarye0bsjukm99p75fbzwvA

Пожар што избувнал по удар на гром за време на невремето се проширил во близина на Штип, а поради силниот ветер и непристапниот терен огнената стихија брзо зафатила поголема површина и се доближила до населени места.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, изјави дека противпожарните екипи веднаш излегле на терен, заедно со доброволни противпожарни друштва, со цел да се спречи ширењето на огнот кон куќи и имоти.

„Нема простор за паника, мобилизирани сме максимално. Искомунициравме со ЦУК и Дирекцијата за заштита и спасување. Очекуваме во текот на ноќта да пристигне дополнителна помош и да се направи заштитен обрач за да нема ширење на огнот и зафаќање на куќи и имот кој е во непосредна близина“, рече Јорданов.

— реклама —

Според него, пожарот настанал по удар на гром за време на невремето што го зафати регионот.

„Направен е терен за дополнителни возила да доставуваат вода за гаснење. Се надевам дека ноќеска целосно ќе биде локализиран пожарот. Искомуницирани се неколку доброволни друштва, разговарав и со колегите од Кавадарци и Свети Николе. Очекувам поддршка во текот на ноќта“, додаде градоначалникот.

— реклама —

Тој посочи дека во овој момент не може да се процени колкава е штетата и колкава површина е зафатена од огнот, нагласувајќи дека најважно е да не бидат загрозени домовите и безбедноста на граѓаните.

— реклама —

На терен се ангажирани пожарникари, доброволци и механизација, а надлежните служби ја следат состојбата и во текот на ноќта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

stomak

„Во Штип скоро секоја втора куќа е со стомачен вирус“, професорката Јованов бара итна информација за исправноста на водата

Македонија | пред 16 часа

bolnica-stip

Санацијата на покривот на штипската болница, кој го однесе невремето, ќе чини неколку милиони денари

Македонија | пред 1 седмица

media-library7g5p0o2bmv6q7Mzitpr

Багер во раните утрински часови урнал дел од куќа во Штип, сопственикот тврди дека сѐ е легално

Македонија | пред 1 месец

media-librarynqopfuiv1go0f6pWgD1

(Видео) Нов пожар во Штип: Огнот избувна меѓу Штипска млекара и текстилна конфекција

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања