Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ утре има конгрес: ќе биде избрано новото раководство на партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
filipce-sdsm-co-5

„Ве известуваме дека утре, 24 ноември 2024 година, со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 30 тиот Конгрес на СДСМ“, велат од СДСМ и додаваат:

— реклама —

Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор).

— реклама —

На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

— реклама —

Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот.

— реклама —

Новинарите, снимателите и фоторепортерите ќе можат да присуствуваат на отворениот дел на Конгресот со соодветни прес акредитации.

Местото за подигање на акредитациите е соодветно означено на самиот влез пред салата на одржување, на располагање на медиумите се вработени во Центарот за комуникации. За подигнување прес акредитација, потребно е да се покаже новинарска/пресс легитимација.

Замолуваме новинарските екипи да пристигнат околу 12.30 часот.

Во самата сала каде што се одржува Конгресот обезбеден е соодветен простор и потребни приклучоци за камерите, резервирани се места за седење за новинарите за отворениот дел.

Дополнително, обезбедена е посебна просторија, Прес – центар која со медиумските легитимации ќе може да се користи за цело време додека трае Конгресот (работен и отворен дел, по потреба, сала К3).

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи Конгресот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 15 часа

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: „Скандалот со Дака открива бизнис мрежа на власта во енергетиката“

Македонија | пред 18 часа

market-pari

„Празни џебови и фрижидери“ – СДСМ со критики за економските мерки

Македонија | пред 19 часа

media-library2lc3ckkg97pr4xs0pn7

Филипче: Пендаровски е изваден од контекст, СДСМ не е мртва партија

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања