Оперативец од МВР по дома ис чувал куп муниција, нишани, чаури, пушки
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 од Кривичниот законик.
Осомничениот, 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, во домот и во уште една куќа во негова сопственост неовластено чувал огнено оружје, муниција и експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.
При претрес врз основа на судска наредба, полицијата пронашла ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети за кои немал дозвола за поседување.