Ќе се асфалтира и во зима автопатот до Охрид, а од утре и рехабилитација на превојот Пресека
Од
Објавено на
Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека сите села пред Охрид ќе имаат алтернативен пат за поврзување меѓу селата, експропријациите се завршени, а автопатот ќе се заврши до крајот на 2026 година. Николоски е дециден дека ќе се асфалтира и во зима.
„Главната амбиција на оваа Влада е да имаме автопат од главниот град до Охрид. Промовираме асфалтирање и преку зима. Работат околу 300 машини и 600 луѓе. Дел ги гледате на трасата која се гледа, дел не ги гледате на трасата која е надвор од магистралниот пат. Ќе го завршиме автопат. Од утре почнува рехабилитација на превојот Пресека, кој ќе се користи до 2026 година додека не се пушти целото автопатско решение“, рече Николоски.