Македонија

Средба Гаши – Коњуфца: потврда на одличните и конструктивни билатерални односи

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши во рамки на официјалната посета на Република Косово оствари средба со претседателот на Собранието на Република Косово, Глаук Коњуфца. На средбата присуствуваа и пратениците: Имрлије Салиу-Фетаи, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, Тони Јаревски, член на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово.

Претседателот Гаши се заблагодари за срдечниот прием и подвлече дека оваа посета е потврда за потврда на одличните и конструктивни билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Косово, како и плодната соработка меѓу двете држави на сите нивоа. Г. Гаши оцени дека билатералната парламентарна соработка е со интензивна динамика со тенденција трендот да продолжи и во иднина. Фреквенцијата на возвратните билатералните средби, за која претседателот Гаши се залагал и во текот на неговиот мандат како претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Косово, резултираше со значително унапредување на дијалогот меѓу двете држави и одржување на Втората заедничка седница на владите на 18 ноември годинава. двата парламенти успешно соработуваат и се поддржуваат и на мултилатерален план, во рамките на меѓународните парламентарни собранија на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Советот на Европа и Франкофонијата и споделуваат заедничка визија за стабилен Западен Балкан, интегриран во евроатлантските структури. Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО.

Претседателот на Собранието на Република Косово, Коњуфца искажа благодарност за постојаната поддршка од Република Северна Македонија на сите нивоа од независноста до денес. Подвлече дека постојаната реципрочна поддршка на сите нивоа њ рефлексија на одличните, пријателски и неоптеретени односи меѓу двете држави. Република Северна Македонија и Република Косово споделуваат исти предизвици: приближување на стандардите на ЕУ, имплементација на реформи, соочување со предизвици и правење компромиси со соседите.

Соговорниците се согласија дека нашиот регион треба да е дел од Европската унија што поскоро имајќи го во вид гео политичкиот контекст на континентот и значењето на регионот за мирот и стабилноста во Европа и пошироко.

На почеток