Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на СДСМ: Разочаран сум
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ, туку напротив е разочаран.
„Избраа раководство какво што заслужуваат. Тие најдобро знаат, ние не можеме да кажеме какво раководство треба да изберат. Не сум импресиониран од ова раководство – напротив сум разочаран, затоа што не можат да бидат конструктивна опозиција. Ќе продолжат со опструкции и навреди“, изјави Мицкоски, коментирајќи го изборот на највисоките тела на СДСМ на вчерашниот конгрес.
Според Мицкоски, за десетина месеци ќе има тест, со почетокот на кампањата за локалните избори „и ќе видиме дали ова раководство ќе понуди нешто ново“.
„Сакам да бидат конструктивен партнер на политичката сцена, но можам да кажам дека не сум импресиран“, вели Мицкоски.