(Видео) Арсовска нема да се кандидира за нов мандат
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изјави дека нема да кандидира за нов мандат.
Денеска по примопредавањето на новите еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.
„Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам“, рече Арсовска.