🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Започна примирјето во Либан, израелските сили ќе се повлекуваат во следните 𝟨𝟢 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
izrael-vojska

Во четири часот по локално време, во Либан стапи на сила примирје по повеќе од една година борби помеѓу Израел и Хезболах. Договорот беше објавен од Израел, Франција и САД.

— реклама —

Силни експлозии до договорениот прекин на огнот во 4 часот по локално време слушнал новинар на ДПА во Бејрут, а Ројтерс јавува дека рафалите можеле да се слушнат низ Бејрут дури и по стапувањето на сила на примирјето.

Ројтерс пишува за многу автомобили со раселени лица од јужен Либан, кои по прекинот на огнот почнале да одат на југ, кој граничи со Израел. Новинарите на Ројтерс видоа десетици автомобили како го напуштаат пристанишниот град Сидон јужно од Бејрут околу 4 часот наутро по локално време и се упатуваат подлабоко во јужен Либан.

— реклама —

Израелските одбранбени сили (ИДФ) пукаа пред прекинот на огнот во текот на ноќта врз области во близина на меѓународниот аеродром и јужниот дел на земјата. Напади имаше и во јужните предградија на Бејрут во области каде што немаше претходна воена наредба за евакуација.

Набргу по почетокот на примирјето, Израелските одбранбени сили ги предупредија жителите на јужен Либан да не се враќаат веднаш кон селата за кои имаше наредба за евакуација.

„Ќе ве информираме кога ќе биде безбедно да се вратите дома“, објави ИДФ на Икс.

Според договорот, постигнат со посредство на САД, израелските сили постепено ќе се повлекуваат од југот на Либан во следните 60 дена. За тоа време, борците и оружјето на Хезболах ќе бидат тргнати од областа јужно од реката Литани и тука ќе биде распоредена регуларната либанска војска. Либанскиот премиер Наџиб Микати го поздрави договорот и побара од Израел целосно да го почитува и да ги напушти окупираните области.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Израел жестоко ќе нападне ако Хезболах не почитува некој дел од договорот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања