Арсовска да престане да ја користи институцијата Град Скопје како нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации, реагира ВМРО-ДПМНЕ


„Данела Арсовска не само што неуспешно се справува со градските проблеми, никако да сфати дека не е важна и дека никој не и верува. Граѓаните на парламентарните избори на 8 мај на Арсовска јасно и дадоа црвен картон“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.
„Секој збор на Арсовска претставува само бесмислена апстракција и празно ветување.
Изгледа дека реформите се случуваат само во нејзината глава, таму автобусите пристигнуваат на време, граѓаните се среќни, а нејзините извинувања звучат искрено. Во меѓувреме, граѓаните продолжуваат да чекаат. Чекаат автобуси. Чекаат решенија. Чекаат да замине.
Арсовска да престане да се крие позади Град Скопје, бидејќи она што е невидливо во оваа нејзина конструкција е тоа што 500 вработени во Град Скопје секој ден се жалат на нејзиното водство.
Град Скопје не е нејзин личен инструмент за утеха на нејзините лични фрустрации.
Ова што го прави Арсовска е само драматизација. Арсовска се уште не може да го разбере главниот проблем – на скопјани им треба функционален и одговорен лидер, а не лидер со политичка импотенција“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
