Скопје

Скопјанка со тешки повреди пренесена на Клиника, била прегазена од „фолксваген пасат“

Вчера во 08.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ во Скопје патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Н.(37) од Скопје, удрило во А.Н.(37), двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток