Скопје

На Скопје во понеделник му се најавуваат блокади, а на Советот му стигна барање за вонредна седница

Скопје во понеделник ќе биде блокада. Ако нема решение за барањата на приватните превозници, тие планираат да ги блокираат клучните сообраќајни артерии во градот. Непроодни, можат да останат Автокоманда, Народна Банка и мостот во Нерези. Ова доаѓа по натегањето помеѓу Данела Арсовска како градоначалник и Трајко Славески како претседател на Советот, околу тоа на дневен ред да се стави измената на тарифникот за поминат километар.

„Доколку нема решение да се најде до понеделник, ние се извинуваме, но ќе мораме да настапиме со штрајкови и блокади на улиците. Замолувам да се најде решение да не трпат граѓаните. Ние сакаме да работиме, да останеме во оваа држава, да работиме, да придонесуваме. Луѓето 30 години работат во овој бизнис, сега ги бркаме да си одат од државата“, вели Влатко Тодоровски, приватен превозник.

За да до ова не дојде, Љубица Јанчева од СДСМ достави барање за вонредна средница на Советот на Град Скопје, со цел да нема блокади.

„За да нема булдожери по улици, како што најавува Славески, поднесовме барање за вонредна седница“, вели Јанчева.

Славески кажа дека нема намера да свика вонредна седница и повика приватните превозници да не наседнуваат на провокации од Арсовска.

„Владата има инструменти да го реши овој проблем. Ако се блокираат улциите, се носат булдужери се расчистуваат улиците“, вели Славески.

На почеток