Доаѓаат нови цени: ќе поскапи ли цената на струјата од јануари
ЕВН ќе купува поскапа струја за 2 евра по мегават од државната ЕСМ. Ја прифатиле нивната понуда од 62 евра за мегаватчас, како најповолна. Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната, која изнесуваше 60 евра за мегаватчас, информираат од универзалниот снабдувач.
Практично, цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.
„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“ – ЕВН Хоум.
Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски рече дека максимумот што може да се случи е да има покачување на цената од 3 проценти во третиот и во четвртиот блок, а во првиот и во вториот блок, каде што се најголем број од потрошувачите, да нема никакво покачување. Но, доколку продолжи овој тренд со цената на струјата, а државата ннема мерки, тешко ќе биде да се задржат цените.