Снегот ги остави делови од Битола без струја
Од
Објавено на
ЕВН известува дека на подрачјето на општина Битола има прекини во снабдувањето со електрична енергија на повеќе локации. Сите достапни екипи се на терен и веќе работат на санирање на дефектите. Издадени се налози за брзо решавање на проблемите, кои настанаа поради тежината на наврнатиот снег што натежнува врз електричните кабли и жици.
Дополнително, од МВР СВР Битола информираат дека, во соработка со Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта – подружница Битола, се работи на отстранување на паднато дрво на улицата „Студентска“. Работите се интензивирани со цел нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.