Промени тема
Контакт

Тешка кражба на струја за копање криптовалути: ЕВН издаде сметка од 260.000 евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-library9rgd4tjbgbnh4DzR37X

Утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, по што на сторителот му е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари или околу 260.000 евра, соопшти ЕВН Дистрибуција.

Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побарал од МВР да се спроведе пребарување и да се вклучи вешто лице, поради основи на сомневање за кражба на електрична енергија во деловен објект на улица Бутелска во Скопје.

— реклама —

При тоа е констатирано дека противправно се користела електрична енергија преку неовластено приклучување на 3 нисконапонски кабли во самата трафостаница во сопственост на Електродистрибуција.

— реклама —

– Деловен објект, поранешен млин, бил користен за неовластено снабдување на системи со графички картички за копање биткоини – соопшти ЕВН Дистрибуција.

— реклама —

Направен е Записник за неовластено користење, изготвени се наод и мислење од овластено вешто лице. Поднесена е пријава за неовластено преземање на електрична енергија до МВР според член 235-а од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn0aee5oibrlpcJpDrhJ

Сузбиена криминална група за криумчарење и корупција: Одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и цигари

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
bolnica

35-годишник со тешки повреди: Од болницата каде што лежел рекле дека паднал од кревет, тој тврди дека бил нападнат од болничар

Македонија | пред 16 часа

media-librarygptvjv6fu3991qI9BV2

Жена нападната од сопругот во двор на црква

Македонија | пред 16 часа

media-libraryv6ei2si0hg9n1VlSshW

Седум возачи уапсени поради безобѕирно управување возило

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања