Свет

(Видео) Невреме го уништи Халкидики, катастрофа на Родос: Вака сега изгледаат одморалиштата кои Македонците ги обожаваат

Бурата Бора создаде хаос низ Грција, а најмногу настрадаа островите Родос и Лемнос, додека големи материјални штети претрпе и Халкидики.

На Родос и Лимнос на граѓаните не им се препорачува движење, бидејќи се очекува нов наплив на невреме, а се предвидуваат и обилни врнежи со грмежи низ целата земја, кои ќе траат до вторник. Силното невреме не го заобиколи и Халкидики, кој исто така денеска ќе биде погоден од невреме, а обилни врнежи се очекуваат на Пелопонез и на островите Киклади.

Драматично беше синоќа во Ситонија. Граѓаните на Торони и Порто Куфос си го штедеа имотот бидејќи поројот навлезе во куќи и кафеани, уништуваше патишта и однесе возила.

Бројни патишта во Ситонија се непроодни поради одрони и паднати дрвја, а пожарникарите и спасувачите имаа полни раце работа во текот на целата ноќ.

На почеток