Во Будва загина македонска државјанка: била прегазена на улица
Од
Објавено на
Седумдесет и тригодишната државјанка на С Македонија О.П. загинала во сообраќајна несреќа што се случила вчера во црногорскиот град Будва, пренесуваат медиумите. Таа на улица била прегазена од автомобил, кој го управувал 28-годишниот М.М од Тиват.
„На 01.12.2024 година во Будва на улицата ‘Јадрански пут‘ во близина на зградата на општинската полиција, пријавениот управувал патничко моторно возило кое учествувало во сообраќајна незгода, во која државјанка на Северна Македонија, О.П. (1951 година), бил удрена додека ја преминувала улицата“, се вели во соопштението.
Нејзиното тело е предадено на обдукција, а момчето е уапсено.