Промени тема
Контакт

(Видео) Убиен висок член на Шкаљарскиот клан кај Будва, бил застрелан преку шофершајбната на возилото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Балкан
media-libraryc5pulguctnf1bxPqBB7

Во близина на плажата Трстено кај Будва вчера околу 18 часот беше пронајден мртов 33-годишниот Бобан Сјеклоќа, висок член на ќелијата на Шкаљарскиот клан од Цетиње. Неговото тело било откриено во автомобил „голф“ со регистарски таблички од Подгорица.

— реклама —

Пожарникари кои биле повикани поради тоа што возилото излетало од патот го нашле телото, а првичните наоди укажуваат дека тој бил застрелан преку шофершајбната. На местото биле пронајдени неколку чаури. Вишата државна обвинителка Ана Радовиќ потврди дека наредена е судска обдукција и вештачење на запленетите траги.

— реклама —

„Жртвата е идентификувана како Б.С. (33). Пронајдени се одреден број траги и чаури кои ќе бидат испитани во Центарот за судска медицина“, изјави Радовиќ.

— реклама —

Според извор близок до истрагата, Сјеклоќа со години бил во бегство и важел за значајна алка во структурата на Шкаљаpскиот клан во Цетиње. Специјалното државно обвинителство го товарело за шверц на половина тон кокаин и за учество во ликвидацијата на Андрија Газивода и Перо Мухадиновиќ во 2020 година. Полицијата повеќе пати ја претресувала неговата куќа во Цетиње, но тогаш не го пронашла.

— реклама —

За потсетување, Шкаљарскиот и Кавачкиот клан се во судир од крајот на 2014 година, откако исчезнувањето на околу 200 килограми кокаин во Валенсија доведе до поделба на некогашниот заеднички криминален клан на два спротивставени табора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylnvr765cj1inea60AvS

Жена пронајдена обесена на дрво во Мисисипи, но полицијата тврди дека била мртва пред да биде обесена

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 2 седмици

media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања