До петти декември е рокот за субвенциониран оброк
Министерството за образование и наука преку соопштение потсетува дека од од 1 до 5 декември 2024 година е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година.
За сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk.
Дополнителни информации што треба да ги знаат оние кои сакаат да аплицираат:
– Условите и критериумите за остварување на правото се достапни на посочениот линк.
– За поддршка при аплицирањето: Контактирајте по е-пошта: [email protected]
– Посетете ја канцеларијата на приземјето во зградата на Министерството за образование и наука.
Од МОН додаваат дека на сите студенти на кои претходно им било прекинато правото, а сметаат дека ги исполнуваат условите, можат повторно да аплицираат. Овој рок е исто така отворен за студенти кои не аплицирале во претходните активни рокови.