Македонија

Европски фронт бара заминување на Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени

Пратеничката група на Европскиот фронт, поднесе барање на наредната собраниска седница на дневен ред да биде ставена информација за безбедносната состојба во земјата.

Тие поднесоа и интерпелации за работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени и бараат нивна смена.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, на прес-конференција рече дека тие бараат информации за безбедносната состојба во земјата, во врска со палењето на деловни објекти во Куманово и нападите врз имотите на граѓани од албанска етничка припадност, како и палења на знамиња и информација за селективниот пристап во смисла на процесирање на учесниците на истите настани и сите детали во врска со мерките за институционален одговор и превенција од потенцијални слични настани.

Пратениците од Европскиот фронт бараат и одговори за селективно постапување од страна на службени лица од МВР, надзор врз работата на безбедносните служби, отчетност за преземените, но и непреземените мерки.

Во интерпелацијата за Министрите Изет Меџити, Панче Тошкоски и неговиот заменик Исени, како и за министерот Стоиљковиќ, задолжен за односите меѓу заедниците, ќе бидат детално наведени причините за нивните интерпелации, рече Беџети.

На почеток