Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

СДСМ: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат лидерска, Социјалдемократскиот сојуз е фактор на стабилност на меѓуетничките односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
VenkoFilipceSDSM

„Изненадени сме од ставот на ДУИ дека Филипче и СДСМ шират албанофобија кога единствената партија која повикува на единство и стабилизација на меѓуетничките односи е токму СДСМ и претседателот Филипче“, велат од СДСМ.

— реклама —

„СДСМ е фактор на стабилност во Македонија од нејзиното осамостојување и гарант на стабилните меѓуетнички односи. Сите историски немили настани на тој план биле надминати заради државничкото политичко однесување на СДСМ.

— реклама —

Очекувавме дека ДУИ први ќе ја прифатат лидерската средба за стабилност која ја понуди претседателот Филипче. За жал, тоа не се случи и ДУИ пропушти можност исто како и ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека вистински се залага за мирот и стабилноста во државата. СДСМ продолжува да делува конструктивно на ова поле и да биде заштитник и промотор на правата на сите граѓани на Македонија, без разлика од која етничка заедница потекнуваат. Сржта на новата платформа на СДСМ е еднаквоста, правдата и меѓусебното почитување и ниеден напад на овој темел на социјалдемократијата нема да вроди со плод.

— реклама —

Ја користиме оваа прилика уште да ги повикаме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и сите останати парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба од каде заеднички ќе испратиме порака за стабилност. Доколку ова не го прифатат, со жалење ќе мора да констатираме дека некоја од овие партии има интерес од постајно подгревање на тензиите што е многу опасно за државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj7tq1sgdph505vsqlmj

Мицкоски ги остави граѓаните без заштита – мерки дури по Велигден, велат од СДСМ

Македонија | пред 27 минути

media-library66nai06em76me9M2GRI

Ангеловска: СДСМ бара одговорност за скандалот со злоупотреба на деца во Куманово од ЗНАМ и Димитриевски

Македонија | пред 23 часа

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања