Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски ги остави граѓаните без заштита – мерки дури по Велигден, велат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
media-libraryj7tq1sgdph505vsqlmj

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски доцни со мерките за заштита на животниот стандард, оставајќи ги граѓаните да се соочат со зголемените трошоци во пресрет на Велигденските празници.

— реклама —

Од партијата посочуваат дека, според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците за живот во март се зголемени за 4,9 проценти, при што најголем раст има кај храната и безалкохолните пијалоци – 7,5 проценти, како и кај земјоделските производи со 6,4 проценти.

— реклама —

„Животот на граѓаните стана поскап, а Владата не презеде навремени мерки. Наместо реакција во период кога трошоците се најголеми, Мицкоски најавува мерки по Велигден, повикувајќи се на анализи и извештаи“, велат од СДСМ.

— реклама —

Партијата додава дека со недели предупредувала на растот на цените и понудила конкретни предлози за намалување на цените на горивата и храната, но, според нив, тие биле игнорирани.

— реклама —

Од СДСМ оценуваат дека последиците од, како што велат, задоцнетата реакција, веќе ги чувствуваат граѓаните преку зголемени трошоци и намален животен стандард.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryeuq4jrnkcll31UrbjKu

„За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 минута

— реклама —
media-library3aajff2mnjk379UVxvN

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?“, велат од СДСМ

Македонија | пред 23 часа

media-libraryvosnvn9kcs6604GYNY3

„Славески, имаш уште малку време да го пријавиш Мицкоски, потоа ќе биде касно!“, вели СДСМ

Македонија | пред 1 ден

media-librarymg9pbfsb39nqdl0fWU1

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања